Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ги поддржува граѓаните да користат велосипед како превозно средство.
Тој информира дека се субвенционира 50% од цената на велосипедот, најмногу до 4.000 денари по лице. Повикот важи од денот на објавување до 30.11.2026 или до исцрпување на средствата.
Право на аплицирање имаат жители на општина Гази Баба кои досега немаат искористено субвенција за велосипед.
Апликациите се поднесуваат во архивата на Општина Гази Баба.
-Купи велосипед
-Придонеси за почиста средина
-Искористи ја субвенцијата!
Линк до јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на велосипед во 2026 година.
✅Исполнето уште едно ветување!
🚲 Објавен е јавниот повик за субвенции за набавка на велосипед во 2026!
🌱Општина Гази…
Posted by Бобан Стефковски on Friday, March 6, 2026