Скопје општина Гази Баба

Стефковски: Ново детско забавно катче во Триангла

Новите катчиња се опремени со мека подлога и современи реквизити, кои овозможуваат безбедна и весела игра за секое дете.

Стефковски: Ново детско забавно катче во Триангла

Заврши изградбата на ново, модерно и безбедно детско забавно катче во Триангла, второто од вкупно петте планирани нови катчиња кои се започнати во нашата општина, соопшти градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Пред само неколку дена го отворивме и новото детско катче во Железара, а продолжуваме со исто темпо и во другите делови од општината, потенцира Стефковски.

-Како градоначалник на Општина Гази Баба, силно верувам дека најмладите заслужуваат чисти, модерни и безбедни простори за игра и развој. Во текот на мојот мандат, изградени и реконструирани се над 60 детски забавни катчиња, со што покажуваме реална грижа и инвестиција во иднината, изјави Стефковаки.

Новите катчиња се опремени со мека подлога и современи реквизити, кои овозможуваат безбедна и весела игра за секое дете.

Општина Гази Баба секојдневно напредува, создавајќи подобри услови за сите генерации. Продолжуваме посветено, чекор по чекор, кон поубава и поразвиена Гази Баба.

To top