Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го одржа првиот работен состанок во 2025 година.
На социјалните мрежи тој најави дека за многу скоро од денес започнува историски најголемата градежна офанзива во општина Гази Баба.
-Изградба на нова детска градинка во Инџиково; после долги години започнува комплетна реконструкција на Домот за културата во Ченто; започнува втората фаза од изградбата на новата детска градинка во Трубарево; воведуваме нова динамика на изградбата на фекалната канализација во Јурумлери; наскоро ќе започне да се реализира последната фаза од изградбата на фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур маало; асфалтирање на повеќе од 40 локални улици…Се само дел од проектите чија реализација наскоро ќе започне., вели Стефковски.
Вели дека ако денот по утрото се познава, 2025 ќе биде многу успешна година за општина Гази Баба.