Скопје чекор кон модерна, професионална и поефикасна локална самоуправ

Стефковски: Македонија доби Ресурсен Центар за поддршка на развојот на општините

Ова значи повеќе успешни проекти, подобра инфраструктура, подобри услуги и поголема искористеност на домашни и европски фондови, објави Стефковски.

Стефковски: Македонија доби Ресурсен Центар за поддршка на развојот на општините

На покана на министерот за Локална самоуправа Златко Перински имав чест да присуствувам на промоцијата на новиот Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините – проект кој претставува значаен чекор кон модерна, професионална и поефикасна локална самоуправа, одбјави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Важноста од ваков центар е огромна, затоа што токму специјализираниот кадар е темел на успешно планирање и реализирање развојни проекти. Со години голем број општини беа приморани да ги забавуваат или прекинуваат своите иницијативи само затоа што немаа доволно експерти за подготовка на документација, управување со проекти или стратешко планирање.

-Со воспоставувањето на Ресурсниот центар, овој системски проблем конечно добива трајно решение. Центарот ќе овозможува стручна, брза и непосредна поддршка на сите општини – од помалите рурални до поголемите урбани – со цел да можат навремено и квалитетно да ги реализираат своите планови. Ова значи повеќе успешни проекти, подобра инфраструктура, подобри услуги и поголема искористеност на домашни и европски фондови.

– Овој модел претставува и важен чекор кон професионализација на локалната администрација. Наместо секоја општина поединечно да се мачи со недостиг на кадар, сега ќе имаат заеднички ресурс што ги поддржува, насочува и им помага да се развиваат одржливо и стратегиски.

– Изразувам особена благодарност до министерот Златко Перински, но и до премиерот Христијан Мицкоски, кој покажува дека Владата може да биде вистински партнер на општините и граѓаните, создавајќи алатки што носат конкретни резултати и долгорочни придобивки“, потенцира во објавата Стефковски.

🌟 Македонија доби Ресурсен Центар за поддршка на развојот на општините!

🟦 На покана на министерот за Локална самоуправа…

Posted by Бобан Стефковски on Понеделник, 24 ноември 2025

Најнови вести од Скопје

To top