Скопје општина Гази Баба

Стефковски: Изграден е нов спортски терен во Булачани и отворен е традиционален турнир во мал фудбал

Во изминатите четири години, спортот конечно го доби заслуженото место во нашата општина, а реализираните проекти во оваа област најдобро сведочат за нашата посветеност. Продолжуваме заедно со својот народ, додаде Стефковски.

Стефковски: Изграден е нов спортски терен во Булачани и отворен е традиционален турнир во мал фудбал

Вчерва беше пуштен во употреба новоизградениот спортски терен за мал фудбал со вештачка трева, лоциран во дворот на ООУ „Наум Охридски“ во Булачани.

Овој терен претставува исполнување на едно долгогодишно барање на жителите од Булачани, кои со децении посакуваа ваков простор за спорт и рекреација. Дополнително, го отворивме и традиционалниот турнир во мал фудбал, кој се одржува секоја година и е посветен на Божидар Стојановски – Брич, со што му оддаваме почит на неговото значење за локалната заедница. Континуирано инвестираме во сите населени места на територијата на општината, поттикнати од реалните потреби на граѓаните, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

🙌Изграден нов спортски терен во Булачани и отворен традиционалниот турнир во мал фудбал!

🏟️ Вечерва го пуштивме во…

Posted by Бобан Стефковски on Sunday, August 24, 2025

Тој потенцира дека ги слуша барањата на граѓаните и ги претвора во конкретни проекти.

-Во изминатите четири години, спортот конечно го доби заслуженото место во нашата општина, а реализираните проекти во оваа област најдобро сведочат за нашата посветеност. Продолжуваме заедно со својот народ, додаде Стефковски.

Најнови вести од Скопје

To top