Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на Фејсбук информира дека општина Гази Баба бележи историски највисока транспарентност во работењето која е утврдена во Извештајот а активна транспарентност за 2024 година на Центарот за граѓански комуникации.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА СО УТВРДЕНА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ.
Согласно објавениот извештај на Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност на институциите, општина Гази Баба оваа година има утврдена транспарентност во работењето од 91.3% со што општината се вбројува во институции со многу добра активна транспарентност.
Ова e утврдена историски највисока транспарентност во работењето на општина Гази Баба!
Кога дојдов за градоначалник на Гази Баба, општината бележеше активна транспарентност од 79.7% и беше вброена во категоријата институции со добра активна транспарентност.
Овој напредок е резултат на нашата отвореност кон граѓаните, јавноста и институциите.
Тука нема да застанеме. Во следниот период ќе превземеме и дополнителни чекори за зголемување на транспарентноста во нашето работење.
Кога побарав доверба од граѓаните да бидам градоначалник на општина Гази Баба ветив отворена општина, дом за сите граѓани. И тоа станува реалност! – напиша Стефковски.