Скопје Гази Баба

Стефковски ексклузивно за Курир открива детали за настанот: Да докажеме дека Македонија живее!

Градоначалникот Стефковски упатува порака до сите граѓани на општина Гази Баба, но и градот Скопје масовно да присуствуваат на утрешниот настан и заедно да ја слават независноста на Македонија.

Стефковски ексклузивно за Курир открива детали за настанот: Да докажеме дека Македонија живее!

Во разговор со редакцијата на Курир, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ексклузивно открива детали за утрешниот настан кој општината го оранизира по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

-Настанот кој утре ќе се одржи на плоштадот во Автокоманда од 20:00 часот е настан кој ќе се памети и за кој долго ќе се зборува. Јас и моите соработници посветено работевме на подготовката на програмата која ќе започне со еден врвен перформанс наречен „Македонија живее”. Во него учествуваат естрадни уметници и врвни македонски актери кои во 20-тина минути ќе не потсетат на долгата мачна македонска историја,  истакна Стефковски.

Овој настан општината го организира трета година по ред и за прв пат оваа година настанот ја има поддршката и од Владата.

-Оваа година за прв пат на настанот покрај мене свое обраќање ќе има и Министерот за локална самоуправа Златко Перински како претставник на македонската влада, најавува Стефковски.

Градоначалникот Стефковски упатува порака до сите граѓани на општина Гази Баба, но и градот Скопје масовно да присуствуваат на утрешниот настан и заедно да ја слават независноста на Македонија.

-Ги повикувам сите граѓани на општина Гази Баба, но и сите скопјани масовно да се собереме на плоштадот во Автокоманда и сите заедно да уживаме во македонските песни и ора, а со тоа на дело да покажеме дека Македонија живее, заклучува Стефковски.

Најнови вести од Скопје

To top