Скопје општина Гази Баба

Стефковски: Делуваме на терен

Исчистени се пристапите до Амбулантата во Ченто, како и до градинките и училиштата, потенцира во објавата Стефковски.

Стефковски: Делуваме на терен

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека кризниот штаб на Општина Гази Баба, заедно со екипите на економските оператори за зимско одржување и ЈКП Гази Баба, повеќе од два часа интензивно делуваат на терен.

– Главниот пат кој ги поврзува Стајковци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани и Раштак во два наврати е целосно исчистен и посипан со сол и ризла. Екипите на ЈКП Гази Баба ги расчистуваат пристапите до јавните установи и автобуските постојки. Исчистени се пристапите до Амбулантата во Ченто, како и до градинките и училиштата, потенцира во објавата Стефковски.

Градоначалникот упати апел до сите возачи за одговорно и внимателно однесување во зимски услови.

-Снегот интензивно паѓа во повисоките делови на општината. Граѓаните да бидат спокојни – екипите остануваат на терен и ќе делуваат сè додека врне снег и има потреба од интервенција, додаде Стефковски во објавата.

To top