Скопје Направен е увид

Стефковски: Булачани добива филтер станица за прочистување на водата

Со изградбата на оваа филтер станица се исполнува ветувањето кое го дадов пред жителите на Булачани.

Стефковски: Булачани добива филтер станица за прочистување на водата

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Булачани каде што направи увид на градежните работи за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на Фејсбук во која напиша:

„Булачани добива филтер станица за прочистување на водата за пиење!

Интензивно се работи на изградбата на новата филтер станица за прочистување на водата за пиење во населеното место Булачани. Вкупната вредност на овој проект изнесува 3.200.000 денари.

Со изградбата на оваа филтер станица се исполнува ветувањето кое го дадов пред жителите на Булачани. Преку реализацијата на овој проект овозможуваме жителите на Булачани да имаат поквалитетна вода за пиење.

Пред две години кога дојдов за градоначалник на општина Гази Баба затекнав населени места кои немаа чиста вода за пиење. Денес со гордост можам да кажам дека нашата решителност за решавање на децениските проблеми кои ги имаа граѓаните се гледа преку нашите дела“, напиша Стефковски.

Најнови вести од Скопје

To top