Скопје

Стефковски: 100 дена отчетно, транспарентно и посветено за Гази Баба

Стефковски: 100 дена отчетно, транспарентно и посветено за Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира за сè што е реализирано и започнато во првите 100 дена од неговиот втор мандат како градоначалник на општината.

Стефковски потенцира дека во насока на отчетно и транспарентно работење, чувствува обврска лично да информира за стоте дена, каде отчетно, транспарентно и посветено работи за Гази Баба и за сограѓаните.

-Верувам дека довербата се гради со дела, а отчетноста не е обврска само на хартија, таа е однос кон граѓаните. Затоа денес зборуваме со факти, со резултати и со јасна визија. Вие добро ме познавате, јас сум еден од Вас. Човек кој живее со проблемите и трага по нивното решение. За изборите ветив: континуитет и дела, објави Стефковски.

Првите 100 дена од вториот мандат се доказ дека тоа се случува, потенцира во објавата Стефковски.

„Ова се дел од резултатите кои заедно ги постигнавме во само 100 дена:
– Склучивме договор со Министерството за здравство за нова амбуланта во Автокоманда;
– Започна изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница;
– Изградивме енергетски ефикасна фасада на ООУ „Његош“;
– Започна изградба на нова училишна сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара;
– Ја воведовме мерката „НУЛА комуналии“ за изградба на куќа за млади брачни парови до 35 години;
– Воведовме субвенции за млади до 25 години за полагање возачки испит;
– Во соработка со Град Скопје започна реконструкција на улица „Перо Наков“;
– Започна реконструкција на улица „Петре Филиповски Гарката“ во Триангла;
– Изградивме пешачки патеки во Нова Колонија;
– Засадивме 90 нови садници во ООУ „Његош“;
– Извршивме комплетна реконструкција на улица 22 во Сингелиќ;
– Изградивме нова улица во Колонија;
– Поставивме технички средства за успорување на сообраќајот, смерни огледала и нова вертикална и хоризонтална сигнализација низ целата општина;
– Во соработка со Град Скопје започна акција за расчистување на Вардариште;
– Изградивме атмосферска канализација на „Коцката“ во Керамидница;
– ООУ „Наум Наумовски Борче“ доби систем за мерење и менаџирање со енергија – SEEM решение;
– Реализирана есенска акција на ЈКП Гази Баба за расчистување на јавните површини;
– Овозможивме бесплатен престој за деца Роми во градинките преку проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“;
– Обележани се пешачките премини на локалните улици;
– Засадивме 150 нови садници на спортскиот центар во Идризово;
– Воведовме нов модел на функционирање на секретарите на Урбаните и Месните заедници;
– Поставивме светлосна сигнализација на пешачките премини;
– ООУ „Вера Јоциќ“ доби 20 лаптопи и 10 персонални компјутери;
– Започна реконструкција на улица 30 во Чукур Маало – Трубарево;
– Засадивме 1.500 нови садници во парк-шумата Гази Баба;
– Ја завршивме реконструкцијата на улица „Јордан Поп Јорданов“ во Маџари;
– Го реализиравме „Зимскиот камп на ученици“;
– Обезбедивме нов училишен инвентар за ООУ „Наум Охридски“;
– Доделивме 12 милиони денари поддршка за спортот;
– Доделивме 3 милиони денари поддршка за здруженија и фондации;
– Обезбедивме нова опрема за вработените во ЈКП Гази Баба;
– Објавивме Јавен повик за субвенции за реконструкција на лифтови;
– Објавивме Јавен повик за субвенции за чистење на оџаци“, истакна Стефковски.

Градоначалникот Стефковаки потенцира дека ова не се само проекти , туку дека ова се чекори кон модерна, урбана, зелена и социјално одговорна општина.

„100 дена посветеност!
100 дена одговорност!
100 дена видливи резултати!
Но, најважно од сè – ова е само почеток на годините кои ќе донесат историски развој за нашата Гази Баба!
Продолжуваме со исто темпо, со уште поголема енергија и со јасна цел: Гази Баба да биде општина во која секој човек ќе се чувствува сигурно, достоинствено и гордо“, се наведува во објавата и се заблагодари за укажаната доверба.

💯 100 ДЕНА ОТЧЕТНО, ТРАНСПАРЕНТНО И ПОСВЕТЕНО ЗА ГАЗИ БАБА‼️

Почитувани сограѓани,
Во насока на отчетно и транспарентно…

Posted by Бобан Стефковски on Tuesday, February 17, 2026

To top