Скопје Едукативна претстава за најмладите во Кисела Вода

Стаменковска Трајковска: Институционална соработка за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Нашата цел е да овозможиме безбедна инфраструктура и едуцирани учесници кои ги почитуваат правилата – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Стаменковска Трајковска: Институционална соработка за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Горан Ангеловски, како и претставници на МВР и СВР-Скопје, денеска заеднички присуствуваа на превентивно-едукативен настан посветен на безбедноста на најмладите.

Оваа активност е во организација на РСБСП со поддршка од МВР, СВР-Скопје и Општина Кисела Вода, која со задоволство ја прифати улогата на домаќин во Домот на културата „Билјана Беличанец“. Во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, учениците од прво одделение од основните училишта „Круме Кепески“ и „Кирил Пејчиновиќ“ имаа можност преку специјално подготвена куклена претстава да ги учат основните правила за безбедно движење на улиците.

-Безбедноста на нашите деца е наш врвен приоритет, а едукацијата од најмали нозе е клучот за градење на здрава сообраќајна култура. Затоа, со огромно задоволство денес сме домаќини на овој значаен превентивно-едукативен настан. Ваквите активности се од исклучителна корист бидејќи превенцијата секогаш дава најдобри и трајни резултати.

Ми претставува особена чест и задоволство што денес со нас се министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, претседателот на РСБСП Горан Ангеловски, како и претставниците на МВР и СВР-Скопје. Сакам да им изразам голема почит и благодарност за присуството, кое само по себе испраќа силна порака до јавноста. Тесната меѓуинституционална соработка не е само фраза, туку неопходност. Само преку заеднички и координирани напори можеме реално да ја гарантираме сигурноста на нашите граѓани. Општина Кисела Вода активно и посветено работи на подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, рамо до рамо со сите надлежни институции. Напоредно со овие едукативни процеси, како локална самоуправа континуирано работиме и на унапредување на сообраќајната инфраструктура низ целата општина. Нашата цел е да овозможиме безбедна инфраструктура и едуцирани учесници кои ги почитуваат правилата – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ продолжува и во наредниот период. Крајната цел на овие заеднички заложби е континуирано зголемување на безбедноста на патиштата, минимизирање на ризиците во сообраќајот и градење на генерации со висока сообраќајна свест.

To top