Скопје Општина Кисела Вода

Стаменкоска Трајкоска: Секое дете заслужува внимание, топлина и чувство дека не е заборавено

Преку 260 деца без родители денеска добија хуманитарни пакети како донација од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и Општина Кисела Вода.

Донацијата беше реализирана во ЈУ Детски дом „11 Октомври“, како и во приватната установа за вонсемејна заштита СОС Детско село, со цел и во деновите кога сѐ уште се одбележуваат Божикните и Новогодишните празници, на децата да им се подари радост и внимание.

– Секое дете заслужува внимание, топлина и чувство дека не е заборавено. Овие празнични денови се потсетник дека заедно можеме да направиме мали, но значајни чекори кои носат радост и насмевки, а со ваквите активности уште еднаш ја потврдуваме посветеноста на Општина Кисела Вода кон хуманоста и поддршката на најмладите, преку активности насочени кон грижа, солидарност и општествена одговорност, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top