Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска во интервју за „Слободен печат“ говореше за проектите кои ќе донесат конкретни резултати и за плановите со кои општина Кисела Вода ќе продолжи со успешниот развој.
-Нашата општина заслужува стабилност, континуитет и уште повеќе успеси!“, истакна Стаменкоска Трајкоска, нагласувајќи дека постојаните инвестиции и развојни проекти се клуч за модерно урбано Скопје.
Таа ги повика граѓаните да ја поддржат на претстојните избори и да заокружат број 9 во недела, како симбол на континуитетот и напредокот на Кисела Вода.
-За Кисела Вода што се движи напред и за модерно урбано Скопје!, додаде Стаменкоска Трајкоска.