Скопје

СКОПЈЕ СЕ УШТЕ УКРАСЕНО: За градот еуфоријата ќе трае до дочекот на кинеската Нова година? – булеварите нема кој да ги откити еден месец по празниците (ФОТО)

СКОПЈЕ СЕ УШТЕ УКРАСЕНО: За градот еуфоријата ќе трае до дочекот на кинеската Нова година? – булеварите нема кој да ги откити еден месец по празниците (ФОТО)

За градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска еуфоријата околу новогодишните празници се уште трае.

Додека главниот град не беше украсен десетина дена пред Новата година и беше на мета на критики од граѓаните, овој пат градот очигледно е и последната европска метропола што се уште е украсена…

Овие денови сите што се движат низ главните булевари на Скопје, како и по „Партизанска“ можат да забележат дека се уште светат новогодишните сијалички и дека градот не е откитен точно еден месец по Новата година.

Дали навистина нема кој да ги откити булеварите во Скопје засега е непознато, а она што е познато е дека оваа Нова година ќе остане запаметена по искривената и несреќната елка која стана хит низ целиот регион.

Но и по скандалот околу набавката и необјавениот тендер за новогодишното украсување на главниот град.

И додека се штеди струја на секаде ова зимо, очигледно Скопје ќе биде украсено до кинеската Нова година која се прославува на 10 февруари идниот месец.

Најнови вести од Скопје

To top