Скопје

Синот на ексградоначалникот Шилегов го отвора второто кафуле во Скопје

Синот на ексградоначалникот Шилегов го отвора второто кафуле во Скопје

Лоциран во новиот шопинг мол во близина на кулите „Џевахир“, наскоро треба да започне со работа новиот кафе бар каде сопственик е синот на ексградоначалникот Петре Шилегов.

На социјалните мрежи веќе се појавија објави на кои се рекламира новиот локал, името на кафулето е „Бабилон“.

Инаку, синот на ексградоначалникот, од пред две години е сопственик и на кафуле лоцирано во трговскиот центар „Ист Гејт“, а неофицијално тој менаџира и други бизниси лоцирани во Скопје.

To top