Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река.
поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21.
Во моментов на терен е и механизација која се обидува да го ја врати реката во речното корито.
Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.
-Во Село Батинци, во Маркова Река има надојдено повеќе вода. На неколку места има излевање од речното корито. Ангажиравме две-три машини малку да ја санираме состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, засега има прекин на врнење на дождот, а во околните куќи околу Маркова река има влезено вода во дворовите. Мислам дека за населението не е многу ризично за евакуација, засега има материјални штети по дворовите на неколку домаќинства, рече тој.
Од УХМР вчера најавија дека особено источните делови од Македонија ќе бидат зафатени од циклонска активност проследена со интензивни врнежи од дожд и ретки грмотевици.