Скопје општина Кисела Вода

Се гради паркинг на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода

Ни беше важно паралелно со паркингот да го решиме и атмосферскиот одвод и да обезбедиме осветлување, за просторот да биде целосно функционален и безбеден за граѓаните- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Се гради паркинг на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг простор лоциран на улицата „Димо Хаџи Димов“.

Новиот паркинг ќе располага со капацитет од 21 паркинг место, со вкупна површина од 326 квадратни метри. Покрај паркингот, се изведува и атмосферски приклучок со што ќе се спречи задржувањето на водата при врнежи, а ќе биде поставено и ЛЕД осветлување за поголема прегледност и безбедност во ноќните часови.

– Уредувањето на сообраќајот во мирување е континуиран процес на кој работиме постојано. Со овој зафат на улицата „Димо Хаџи Димов“ создаваме функционален простор со 21 паркинг место кој директно ќе им го олесни секојдневието на жителите. Ни беше важно паралелно со паркингот да го решиме и атмосферскиот одвод и да обезбедиме осветлување, за просторот да биде целосно функционален и безбеден за граѓаните- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top