Скопје ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ

Санкционирани 257 непрописно паркирани возила во Центар

Во периодот од 05.02. до 11.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 257 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП ПОЦ.

To top