На улицата „Владимир Полежиновски“, во делот каде се спојува со улица „Христо Смирненски“ во Центар, долго време е отворена голема дупка.
Тука секојдневно голем број на возила и пешаци мака мачат да поминат, оправдано, стравувајќи за својата безбедност.
Улицата е прометна бидејќи во нејзина близина се наоѓаат градинка, маркет, пекара, а на неа има голем број на згради со луѓе кои живеат и работат во нив.
Оваа дупка деноноќно претставува ризик за безбедноста на возачите и пешаците. Тука често е голем застој бидејќи возилата не можат убаво да се разминат, а пешаците исто така чекаат на улица бидејќи тротоарите се зафатени од паркирани возила.
КУРИР прашува: Зошто никој од надлежните во општина Центар не го реши овој проблем?
Жителите од околните згради велат дека е пријавено, но не е преземено ништо.
Апелираме дупката итно да се санира за да се спречи некој немил настан.