Скопје

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши комплетно асфалтирање на дел од улица „2“ во населба Илинден.

Општина Илинден

Со вградување на нов асфалтен слој на дел од улица „2“ во должина од 520 метри и широчина од 6,5 метри, се реализираше реконструкцијата на главниот влез на општината како и најфреквентен сообраќаен патен правец во населба Илинден. Со активностите беше опфатено целосно вадење на стариот асфалт, реконструкција на најоштетените делови од делницата, санација на споевите на улицата и надвозникот, како и вградување на нова асфалтна површина. На овој потег, претходно беше изградена пешачка патека во должина од 450 метри.

Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека реализацијата на овој проект е од особено значење бидејќи улицата е главна сообраќајна артерија во општината и е од круциојално значење за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во населбата и општината.

Општина Илинден

Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а Општината ќе продолжи со ваквите проекти кои се од особено значење за сите граѓани.

Најнови вести од Скопје

To top