Општина Бутел обезбеди прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври“. Целта на оваа активност е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и намалување на последиците од аерозагадувањето кај најмладите, објави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил.
-Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас, порача Костовски.
Прочистувачите се од реномирант германски производител и обезбедуваат воздух со највисоки медицински стандарди за децата во градинките.
ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ ЗА СИТЕ ГРАДИНКИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ !
За сите клонови на детската градинка “11 Октомври”…
Posted by Дарко Костовски on Вторник, 23 декември 2025