Скопје Општина илинден

Потпишан меморандум за соработка за одржување на ЕКСПО Илинден 2026

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026“.

Со овој меморандум се продолжува успешната соработка меѓу Општината и Панекс експо, со што втора година по ред ќе се одржи овој регионален економски саем чија цел е понатамошно зајакнување на локалниот економски развој преку поврзување на бизнис заедницата, претприемачите, инвеститорите и другите релевантни чинители. „Експо Илинден 2026“ повторно ќе биде платформа за промоција на домашните компании, размена на идеи, воспоставување нови партнерства и отворање можности за раст и инвестиции.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуитетот на ваквите настани е од исклучително значење за локалната економија и дека Општина Илинден и понатаму ќе биде активен партнер во иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и поквалитетен живот за граѓаните.

Организацијата на саемот по втор пат е показател за позитивните резултати од првото издание, како и за континуираниот економски напредок на општина Илинден. Општината, како покровител на настанот, уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка и унапредување на економскиот и бизнис сектор.

To top