Денешната програма на „Вкусовите на Гази Баба“ се одложува за утре (сабота) од 17 часот.
-За жал, поради лошите временски услови вечерашната програма на „Вкусовите на Гази Баба” мораме да ја одложиме за утре. Вечерашните ДНК, Амадеус Бенд, Бојана Скендеровски и Гоце Пејковски ќе настапат утре од 17:00 часот заедно со Огнен, Таско и Хари Мата Хари. Ве очекуваме сите утре (сабота) од 17:00 часот на плоштадот во Автокоманда на добра забава, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.