Поради дефект на приклучна водоводна цевка ф 5/4 на ул. „Жорж Бизе“ бр. 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Мите Богоевски“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот ќе биде од 10:15 до завршување на работите за санација на дефектот.
Од јавното претпријатие информираат и дека поради водоводен уличен дефект ф150мм на ул. „Шарпланина“ бр 95, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Ново Село од 10:30 до завршување.