Почната е целосна реконструкција на спортската училишна сала во ООУ „Панајот Гиновски“ во општина Бутел, која е стара 70 години, соопшти градоначалникот Дарко Костовски.
-Со поддршка на Министерството за образование и наука ќе го реализираме овој значаен проект за учениците од ООУ „Панајот Гиновски”. По 70 години
старата дотраена спортска сала ќе замине во историја. Со реконструкцијата ќе биде поставен целосно нов под со нова подлога. Ќе се добијат и нови соблекувални, а ќе се реконструираат и санитарните јазли, објави Костовски.
ПО 7️⃣0️⃣ ГОДИНИ НОВА СПОРТСКА УЧИЛИШНА САЛА ВО ООУ “ПАНАЈОТ ГИНОВСКИ”
🏟 Започнавме со целосна реконструкција на…
Posted by Дарко Костовски on Monday, March 2, 2026
Костовски вели дека со реконструкцијата ќе бидат обезбедени квалитетни услови за сите училишни спортови и за непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование.
-Наскоро ќе почне и доградбата на ова општинско основно училиште со што ќе се овозможиме одвивање на наставата во една смена. Вложуваме во капитални проекти кои ќе го подобрат квалитетот на образовниот процес на нашите деца, додава Костовски.