ЕВН го отстрани дефектот кој предизвика испад на трафостаницата Запад и ги остави без струја 3 час граѓаните на неколку населби во општина Карпош.
Електрична енергија немаше во населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.
„Поради испад на 100/35/10 кв трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината“, соопштија од ЕВН.