Скопје ШТРАЈК

Плусинфо: Од ЈСП „Скопје“ не добиле пари за нафта за 4 месеци, се подготвува ли нов штрајк?

Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме.

Плусинфо: Од ЈСП „Скопје“ не добиле пари за нафта за 4 месеци, се подготвува ли нов штрајк?

Се крчка нов штрајк на приватните превозници, бидејќи, како што дознава Плусинфо. Јавното претпријатие „Скопје“ веќе четири месеци врши исплатата според договорената динамика, а доцни и авансот. Поради тоа, дел од нив веќе ги паркираат автобусите.

Сопственик на приватен автобус, во неформален разговор за Плусинфо, се жали дека повторно е закочена исплатата и дека веќе цели 4 месеци не им е исплатен ниту 1 денар на сметката. Чекајќи пари, принуден е да молчи, но веќе му е доста.

-Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе доцнат повеќе од 4 месеци, а никој не ни кажува што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП. Ние сме во многу тешка финансиска ситуација поради ова донење. Имаме трошоци за гориво, за сервис на возилата, за осигурување, за плати за возачите и на другигте работници. Не можеме да работиме без пари. Не можеме да ги задоволиме ниту своите потреби, ниту потребите на патниците, кои заслужуваат квалитетен и безбеден превоз, вели тој.

Изворот на порталот, кој сакал да остане анонимен, вели дека приватниците се постојано под закани и дека може да ја загуби линијата што ја има добиено. Но, тој и неговите колеги упорно чекаат ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.

-Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме. Навистина не сакаме да дојде до тоа, бидејќи тоа би значело уште поголем хаос и незадоволство во јавниот превоз. Сакаме да работиме во партнерство со ЈСП „Скопје“ и да обезбедиме добар сервис за граѓаните, но за тоа треба да имаме фер и редовна исплата – ни изјави тој.

Целиот текст прочитајте го на Плусинфо

Најнови вести од Скопје

To top