Скопје ЈП Комунална хигиена

Отстранета обемна дива депонија во општина Ѓорче Петров

Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина.

Отстранета обемна дива депонија во општина Ѓорче Петров

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина.

Од почетокот на месецот март, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти вкупно 1260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 280 кубни метри, се отстранети во општината Карпош.

Воедно, беа подигнати и транспортирани 6250 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во сите скопски општини.

To top