Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов.
Проекцијата ќе се одржи на 9 април 2026 година (четврток), во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот.
Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните можат да резервираат место во периодот од 7 до 9 април, од 07:30 до 15:30 часот, на следните телефонски броеви:075/380-928 (Даниела) и 071/804-474 (Верица).
Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на културната понуда во овој дел од градот, со фокус на презентација на значајни остварувања од домашната кинематографија.
Преку прикажување на етаблирани македонски филмови, Општина Кисела Вода овозможува поголема достапност на националното филмско наследство за сите граѓани.