Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Во овој училишен објект се врши реновирање на тоалетите на целиот приземен дел.
-Веќе една седмица во ова училиште вршиме обнова на тоалетите кои претходно беа во катастрофално лоша состојба. Се врши промена на санитарните елементи, како и реконструкција на подот, ѕидовите и плафонот. Грижата за нашите деца, се огледува преку континуираните проекти за унапредување на условите во образовните објекти кои се појдовна станица за нивниот интелектуален развој. Инвестирајќи во обезбедување на најсовремените стандарди и потреби на учениците, за нас како локална самоуправа и за мене како градоначалник, е обврска и директен влог во развјот на нашата општина и општеството во целост-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ” настава посетуваат 1012 ученици. Во дворот на овој објект, во завршна фаза е изградбата на спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг.