Скопје

Општина Карпош со препорака до жителите на Бардовци: Наредните 5-6 часа бидете надвор од населеното место додека целосно не се изгасне пожарот

Општина Карпош со препорака до жителите на Бардовци: Наредните 5-6 часа бидете надвор од населеното место додека целосно не се изгасне пожарот

Попладнево во Општина Ѓорче Петров, делот кај Волково го зафати пожар, веројатно намерно предизвикан, а истиот потоа се префрли од другата страна на реката Лепенец, во атарот на населеното место Бардовци, велат од Општина Карпош.

Противпожарните екипи го локализираа пожарот, но густ црн чад и натаму се шири во околината и ветерот го носи во целост врз населеното место Бардовци.

-Дополнително ова населено место е во опасност од густ црн чад од пожарот во Блаце каде гори нискостеблеста шума и се шири со голема брзина. Препорака од Општина Карпош до жителите на населеното место Бардовци, доколку се во состојба барем наредниве 5-6 часови да бидат надвор од ова населено место, додека целосно не биде изгаснат овој пожар. Густиот црн чад претставува посебна опасност за малите деца, лица со респираторни проблеми, како и срцевите болни. Општина Карпош будно ќе ги следи овие два пожари и дополнително ќе ги информира граѓаните, велат од Општината.

To top