Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните и оваа година се вклучија во големата еколошка акција „Генералка викенд“. Акцијата која е во организација на „Мен енд маунтен“ се спроведува со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, а главната цел е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животна средина.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски оваа еколошка акција се спроведува на повеќе јавни локации на територија на општина Илинден, како и во училишните дворови на општинските училишта.
Градоначалникот упати апел до граѓаните да покажат поголема грижа за природата и природните ресурси, а отпадот да го одлагаат на места соодветно определени за таа намена.
Во текот на денешната акцијата собрани се околу 30м3 отпад.