Скопје Работен состанок

Општина Ѓорче Петров: Здравјето на нашите најмлади е на прво место

„Наша должност пред се како возрасни луѓе, а потоа и како одговорни лица во Општината и во образовните колективи, е да направиме се што е во наша моќ, нашите најмлади жители да бидат здрави и да бидат подготвени за следење на наставата во текот на целата година“, заврши Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров: Здравјето на нашите најмлади е на прво место

Во општина Ѓорче Петров се одржа настан поврзан со едукацијата за заштита на детското здравје од училишна и предучилишна возраст.

-Одржавме работен состанок заедно со сите директори на основните училишта во нашата општина, како и со директорката на детската градинка „Росица”, на кој што разговаравме за важноста на хигиената на здравјето на учениците од основните училишта, децата од предучилишна возраст, како и на најмалите дечиња во градинките, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.

Како стручни лица од здравството присуствуваа Др. Марина Пентовска, Др. Маја Даневска Десовска, Др. Катерина Цветковска Стаменковска и Др. Валентина Тотиќ од Поликлиника Ѓорче Петров.

-На состанокот се потенцираше итноста за тоа дечињата да имаат направено систематски преглед, да се изврши процесот на задолжителна вакцинација, како и да се обрне внимание на тоа дечињата да имаат уредна стоматолошка слика, се со цел да се избегнат несакани последици и епидемиолошки појави во текот на учебната година, додаде градоначалникот.

„Наша должност пред се како возрасни луѓе, а потоа и како одговорни лица во Општината и во образовните колективи, е да направиме се што е во наша моќ, нашите најмлади жители да бидат здрави и да бидат подготвени за следење на наставата во текот на целата година“, заврши Стојкоски.

Најнови вести од Скопје

To top