Од тука велат дека градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на Јавното претпријатие Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму го одлагале кабастиот отпад.
Во реакцијата на Општината се додава дека катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, Арсовска нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции.
На Арсовска и порачаа наместо да кажува ловечки приказни да се погрижи за проблемите на градот, односно булеварите, воздухот, како и чекањето по повеќе часови на автобуски превоз, кој согласно нејзините заложби треба да биде бесплатен.