Скопје барање на жителите

Општина Бутел започна со реконструкција на улицата „Зуфер Мусиќ“

Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Чекор по чекор ја градиме општина Бутел. Продолжуваме со силна динамика, напиша Костовски.

Општина Бутел започна со реконструкција на улицата „Зуфер Мусиќ“

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека по повеќе децении и на големо барање на жителите од овој дел на населба Бутел се започнува со реконструкција на улицата Зуфер Мусиќ.

„Денес започнуваме со градежните активности за реконструкција на улицата Зуфер Мусиќ. Оваа улица за прв пат се реконструира после многу години. Реконструкцијата на улицата Зуфер Мусиќ е дел од големата градежна офанзива со која ќе реконструираме 70 улици и вложуваме 150 милиони денари. Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Чекор по чекор ја градиме општина Бутел. Продолжуваме со силна динамика, напиша Костовски.

To top