Скопје Општина Аеродром

Општина Аеродром го добива првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост

Денеска в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ, потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување на стручни кадри за работа со учениците.

Општина Аеродром го добива првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост

Општина Аеродром го добива првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост во рамките на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Денеска в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ, потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување на стручни кадри за работа со учениците.

Центарот ќе почне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината според утврден распоред.

Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост.

Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции.

Најнови вести од Скопје

To top