Скопје општина Аеродром

Објектот „Калинка“ во Стар Аеродром доби целосно реновирани тоалети

Создаваме подобри услови за растење, игра и учење, затоа што секое дете заслужува топол и безбеден простор, додаде во објавата Митески.

Објектот „Калинка“ во Стар Аеродром доби целосно реновирани тоалети

Градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески со голема радост сподели уште една убава вест за најмалите во Општина Аеродром.

Објектот „Калинка“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“, доби целосно реновирани тоалети – и за дечињата и за вработените, објави Митески.

Тоалетите се целосно адаптирани на возраста на најмалите, со цел да им овозможат поголема удобност, безбедност и хигиена. Дополнително, уредена е и нова просторија за престој на дечињата, опремена со дидактички материјали за различни возрасти, потенцира Митески.

Создаваме подобри услови за растење, игра и учење, затоа што секое дете заслужува топол и безбеден простор, додаде во објавата Митески.

Со голема радост споделуваме уште една убава вест за најмалите во Општина Аеродром! 😊🌸

Објектот „Калинка“ во Стар…

Posted by Дејан Митески on Monday, February 2, 2026

To top