Нула комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 29 години е првиот проект кој ќе биде дел од изборната програма за вториот мандат на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат во оваа општина.
Оваа мерка е од суштинско значење за младите да останат тука, да создадат семејство, да изградат свој дом и да си ја креираат иднината тука во нашата Гази Баба. Со оваа одлука не само што им даваме конкретна поддршка, туку и јасно покажуваме дека младите се во срцето на нашите политики и визија – изјави градоначалникот Стефковски.
Изминатиот период на територија на општина Гази Баба, градоначалникот Стефковски реализира караван на идеи “Твоја идеја, заедничка иднина. За Гази Баба која повеќе не запира” на кои граѓаните имаат можност да ги истакнат своите идеи, предлози и иницијативи за развојот на општината во следните четири години.
🏡НУЛА комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 29 години е првиот проект што ќе биде дел од изборната…
Posted by Бобан Стефковски on Wednesday 20 August 2025