Јавното сообраќајно претпријатие Скопје воведе можност патниците да ги надополнуваат своите картички онлајн.
„Одлична новина на skopjebus.mk, надополни картичка онлајн – брзо и лесно. Отсега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети или со пари, директно преку нашата официјална веб страна, без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Со новата функционалност добивате брза постапка во неколку едноставни чекори. Нема редици и нема потреба од физичко присуство, а услугата е достапна од телефон или од компјутер“, соопшти ЈСП.
Од претпријатието објаснуваат како да се надополни картичката.
-Влезете на skopjebus.mk и изберете „Надополни картичка“. Внесете ги потребните податоци за картичката. Одберете дали сакате билети или износ. Потврдете и завршете ја постапката. Пробајте ја новата функционалност ТУКА, соопшти ЈСП Скопје.