Направивме увид на активностите за поставување на фитнес зоната во Инџиково која ја градиме во рамки на спортскиот комплекс „Горан Стојменовиќ“. Дополнително во овој спортски комплекс поставивме и вештачка трева на игралиштето за мал фудбал, објави Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
-Создадовме простор на кој младите ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат, изјави Стефковски.
Тој додаде дека во изминатиот период фитнес зони изградивме во населените места Керамидница, Колонија, Триангла, Стајковци, Хиподром и денес во Инџиково.
-Продолжуваме со инвестиции во спортската инфраструктура бидејќи младите луѓе го заслужуваат тоа, објави Стефковски на својот фејбук профил.