Скопје Општина Бутел

Нова детска градинка во Визбегово

Нова детска градинка во Визбегово

Градоначалникот Дарко Костовски денес го потпиша договорот за изградба на нова детска градинка, во населеното место Визбегово.

Новата градинка ќе се изгради на просторот на старото општинско подрачно училиште “Св. Климент Охридски”, на површина од 560
м2. Новиот објект ќе овозможи згрижување на 70 деца. Покрај тоа, изградбата на новите градинки во Бутел 1 и Бутел 2 се во завршна фаза и наскоро ќе бидат отворени. Изградбата на новите градинки претставува потврда за посветеноста на локалната самоуправа за обезбедување на најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во секое населено место во општина Бутел.

Најнови вести од Скопје

To top