Денес градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населено место Кучевишка Бара, кој ќе се протега на површина од 2000 метри квадратни.

Новиот спортски комплекс ќе содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини. Општина Бутел се менува. Маалскиот дух се чува и негува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани.