Скопје Кисела Вода

Нов реновиран простор за 60 дечиња во градинката „Сончоглед”

Во моментов, уште две градинки се во процес на изградба. Едната се гради, а за втората, во Расадник, се обезбедени средства, изготвен е проектот и изградбата наскоро ќе започне.

Нов реновиран простор за 60 дечиња во градинката „Сончоглед”

​Денес во градинката „Сончоглед” при ЈДГ „Весели Цветови”, општина Кисела Вода стави во функција нов реновиран простор и со тоа го зголемува капацитетот на оваа градинка за уште 60 деца.

-Побаравме од Центарот за социјални работи за децата од улица да обезбеди нова локација, а ние просторот го реконструиравме и од денес ги отвораме неговите врати за нови 60 дечиња. Во насока на ветувањето кое го даде градоначалникот дека ќе ги затвори наследените листи на чекање за упис во градинка на кои имаше 450 деца, во изминатите три години, се отворија две нови градинки и се проширија капацитетите во многу други постоечки градинки, информираат од општината.

Во моментов, уште две градинки се во процес на изградба. Едната се гради, а за втората, во Расадник, се обезбедени средства, изготвен е проектот и изградбата наскоро ќе започне.

-Нова градинка добива и Потстаница, бидејќи и таму, благодарение на Владата на Република Македонија добивме објект на трајно користење, велат од општината.

To top