Скопје град скопје

НЕМА ВЕЌЕ ПОВЛАСТЕНИ: Сите ќе плаќаат иста цена за градскиот паркинг

Во план било зонско паркирање на повеќе места низ градот.

НЕМА ВЕЌЕ ПОВЛАСТЕНИ: Сите ќе плаќаат иста цена за градскиот паркинг

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција истакна дека не е во план зголемување на цените на паркингот.

– Има институции што плаќаат, меѓу кои и вработените во Град Скопје, по повластени цени услуги во паркинзи – нема да има така. Таква работа нема да има. Вработените овде земаат плата и тие се исти како останатите граѓани во градот Скопје. И ќе си плаќаат колку што треба износ. Не може некој да плаќа 400 денари, а вие да плаќате 1.400 за месечна карта. Секој ќе си плаќа колку што е износот – тој ќе биде ист за сите. Тука толеранција нема да има. Но, тоа не значи зголемување цени, туку воспоставување ред, одговори Ѓорѓиевски на новинарско прашање.

Во план било зонско паркирање на повеќе места низ градот.

To top