Скопје ЈП Водовод и Канализација

Неколку улици и две клиники утре ќе останат без вода

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Неколку улици и две клиники утре ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 18.12.2025 година (четврток) поради уличен дефект на крстосницата Георги Скрижевски/ Партение Зографски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Партение Зографски, дел од Белградска, дел од Рилски Конгрес и објектите на Хематологија и Трансфузиологија.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

To top