Жичарата на Водно денеска нема да биде во функција, информираат од ЈСП Скопје.
Причина за тоа е силниот ветер кој ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, посочуваат од ЈСП Скопје.