Скопје Скопје

На плоштадот Македонија е поставена Божиќна пештера – дело кое ги обединува традицијата, верата и уметноста

Помагатели на овој проект кој е вовед во манифестацијата „Божиќни поворки” се градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

На плоштадот Македонија е поставена Божиќна пештера – дело кое ги обединува традицијата, верата и уметноста

Од денес, на плоштадот Македонија е поставена Божиќна пештера – уметничко дело кое ги обединува традицијата, верата и уметноста.

Пештерата претставува автентична подготовка за празникот на Христовото раѓање е изработена по идеја на Ангел Мицевски, додека реализацијата е дело на познатиот вајар, Зоран Тошески.

Помагатели на овој проект кој е вовед во манифестацијата „Божиќни поворки” се градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

– Слава Му на Бога! Огромна е мојата чест што заедно со нашиот премиер Христијан Мицкоски, сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки и на најубавата и најимпозантна Божиќна пештера во регионот! Од оваа вечер, сите посетители кои во текот на целиот месец ќе поминуваат на плоштадот Македонија, ќе имаат можност да уживаат во прекрасната глетка, но и да застанат, да се задлабочат и да размислуваат за тој Божиќен настан кој ја промени историјата на човештвото. Нека се среќни и бериќетни претстојните празници и нека мирот Христов, биде постојано во вашето срце, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top