Скопје Хуманост

Муцунски: Горд сум на учениците од ООУ „Димитар Македонски“ кои организираа хуманитарен настан посветен на нивниот соученик

Жиро сметка: 210700000681076

Муцунски: Горд сум на учениците од ООУ „Димитар Македонски“ кои организираа хуманитарен настан посветен на нивниот соученик

Овие денови, особено сум горд на иницијативата на учениците од ООУ „Димитар Македонски“, кои организираа хуманитарен музички и забавен настан посветен на нивниот соученик Ангел Христовски, истакна градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

„На настанот кој се одржа во просториите на училиштето, наставниците, учениците и родителите, имаа можност да купат рачни изработки од останатите ученици, да донираат средства во кутиите за донација, како и преку видео-врска да испратат директни пораки за поддршка за нивниот соученик Ангел.

Собраните средства од настанот ќе бидат искористени за финансирање на неговиот третман за вродена мускулна дистрофија во Кина, а во оваа прилика апелирам до сите кои се во можност да донираат на следните телефонски броеви или жиро-сметката:

Телеком: 143-138
А1: 143-401
Жиро сметка: 210700000681076“ – истакна тој.

To top