Скопје

Митески: Аеродром во врвот на најотворените општини!

Аеродром во врвот на најотворените општини, со највисок скок од 36,6 индексни поени – најголем раст во целата држава!, објави на Фејсбук градоначалникот на општината Дејан Митески.

Горди сме што Општина Аеродром е меѓу најуспешните и најтранспарентни општини во државата, според Индексот на отвореност за 2024 година на Здружението ЗМАИ!

Ова е силна потврда дека вистинското партнерство со граѓаните носи резултати!

Заедно го креираме буџетот, заедно носиме одлуки и заедно покажуваме дека транспарентноста не е обврска, туку вредност и одговорност!

Денес сме во самиот врв, но не застануваме тука. Продолжуваме со уште посилно темпо, со јасна цел – целосна отвореност, отчетност и доверба во секој процес.

Аеродром е пример дека отвореноста создава доверба и напредок!, пишува во својата објава Митески.

Најнови вести од Скопје

To top