Скопје

Лекари ќе патролираат низ Скопје, Црвен крст со активности поради најавените горештини

Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови.

– Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи, ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштението.

За активностите во наредниот период, како што е најавено, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, а шест возила ќе патролираат низ градот.

Денеска, утре и в петок, планирано е шест мобилни тимови да излезат на терен и во периодот од 11 до 16 часот, да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжат согласно прогнозите за високите температури.

– Планот ја опфаќа и грижата за здравствената и психо-физичката состојба на бездомниците во градот Скопје. Во пунктот за бездомници во Момин Поток на располагање ќе биде мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран. Оваа година, активностите се поддржани од Државна лотарија, пишува во соопштението.

To top